ЦУК: 1.894 повика за итни случаи на 112 во последното деноноќие
Од 1.894 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, во последното деноноќие „реални“ повици биле 43,92%, а 56,08% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Од реалните повици кон 112 во ЦУК, како што информираат, ,кон полиција биле упатени 58,42%, кон итната медицинска помош 36,42%, а кон пожарникарите 3,43%.
Од ЦУК, исто така, информираат дека вчера имало регистриран само еден пожар на отворено во Скопско, којшто не се регистрира како помала интервенција.
Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје, информира дека пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје од 12:20 до 13:00 часот, вчера, со едно ПП возило и четири пожарникари интервенирале на запалени отпадоци на ул. „Маџари“ во Општина Гази Баба. Во изминатото деноноќие имале уште една помала интервенција.
- Овие пожари на отворено, особено во населбите или непосредно до нив, придонесуваат за полош квалитет на амбиенталниот воздух, се вели во соопштението од ЦУК.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Кога ќе проработат новите камери на улиците и за кои прекршоци ќе се казнува?
-
Четири лица од Итната медицинска помош завршија на Ургентен откако се заглавија во лифт
-
Тема на денот со Марко Бислимовски
-
Прилепската градинка запуштена
-
Преглед на вестите од светот
-
Четири лица од Итната медицинска помош завршија на Ургентен откако се заглавија во лифт
-
Пренатрупаноста алармантна во Идризово, се убива за повеќе простор