ЦУК: 1.694 повици на 112 во последното деноноќие
Во Центарот за управување со кризи, според последниот извештај, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Како што информира денеска ЦУК, кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие. Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Регионалниот ЦУК Штип информира дека на патните правци Брана Калиманци - граничен премин кон Република Бугарија, Македонска Каменица – Рудник „Саса“ и на патниот правец Делчево – Пехчево, коловозите се влажни и има ситни одрони при што се препорачува внимателно возење.
Ново на Сител
-
Уште двајца повредени во пожарот во Кочани транспортирани во Шведска
-
Отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со пожарот во Кочани
-
Одреден 30 дневен притвор за Бектеши и 12 лица за пожарот во Кочани
-
Финците по осми пат најсреќната нација во светот, Македонците 86-ти на листата
-
Трамп: Договорот со Украина за ретки минерали ќе биде потпишан наскоро
-
Експлозија во складиште за нафта во Русија по напад на украински дрон
-
Лишен од слобода 44-годишен маж, пренесувал мигранти од Египет
-
МАТТО донира 3,3 милиони денари за семејствата на настраданите во Кочани