-->
-->
Цуцули: Се надеваме дека ќе излеземе како победници
-->
Македонскиот претставник во Лигата на Европа на УЕФА, тимот на Шкендија од Тетово утревечер против Нефчи ќе брка победа за пласман во следната фаза.
На денешната средба со новинарите оптимистички расположен беше и заменик-капитенот Цуцули.
- Ова е сега поинаков натпревар. Нема изненадувања. Сега двете екипи добро се познаваме. На првиот меч покажавме дека имаме квалитет. Нефчи не е наивна екипа, имаат добри и лоши страни. Очекувам утре да биде поинаков меч. Сепак се надевам дека ние ќе овојпат ќе имаме повеќе среќа за разлика од првиот дуел и дека ќе излеземе како победници, односно дека добро ќе го претставиме македонскиот фудбал.
Натпреварот Шкендија – Нефчи ќе се игра утревечер од 20 часот на „Филип Втори“ во Скопје. Првата среба во Баку заврши нерешено 0:0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата