ЦУ: Спречен шверц на цигари скриени под тапацир на камионска кабина
Царинската управа спречи криумчарење на 72 штеки цигари што македонски државјанин без да ги пријави сакал да ги внесе во Македонија преку граничниот премин Богородица. Вкупната вредност на штеките цигари изнесува 167.588 денари при што вкупните давачки што лицето сакало да ги избегне изнесуваат 113.228 денари, информираат од Управата.
Царинските службеници ги откриле штеките цигари во кабината на камионот со кој управувало лицето. Цигарите биле скриени позади тапацирот во фабричката шуплина наменета за изолација на кабината.
Штеките со цигари се одземени, а против лицето се води соодветна постапка.
Царинска управа во рамки на своите надлежности спроведува активности за заштита на финансиските интереси на државата и сузбивање на нелегалната трговија.
Ново на Сител
-
ЦУК: Пожарот во Чучер Сандево надвор од контрола
-
Се уште наизменично движење на автомобили во двата правца кај „Блаце“ и забрана за камиони
-
Ѓорѓиевски: Програмата ќе ја подготвиме заедно со граѓаните, очекувам поддршка од сите политички партии
-
Предлог притвор за лице осомничено за одземање автомобил и тешка кражба во Скопје
-
Ангелов: Нема опасност за жителите од пожарот над Чучер, да не се шири паника
-
Приведено лице кое пукало кон полицајци во битолско
-
МВР: Поради пожар целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце
-
Муцунски - Велдкамп: Холандија е меѓу најголемите билатерални донатори во клучни области за земјава