Црвениот тепих од Канскиот фестивал се продава по едно евро за килограм
Црвениот тепих од скалите на зградата каде што се одржува Канскиот филмски фестивал се менуваше секој ден од 13 до 24 мај, се додека траеше настанот, а сега се продава по цена од едно евро за килограм.
Тон и пол црвен синтетички материјал, по кој годинава газеа бројни ѕвезди на светската кинематографија, добива нов живот во Марсеј - во рацете на стилисти, за потребите на театарски трупи или модни ревии, пишува францускиот весник „ Фигаро“.
„Го продаваме како „едноставен, фин црвен тепих“, а не како „Кански тепих“, објасни Жан Ре, координаторка на здружението „Réserve des Arts“, кое рециклира отпад за креативни цели.
„Не ја продаваме оваа ткаенина за маркетиншки цели, бидејќи и онака ќе се продава по иста цена. Целта е да им биде достапна на што е можно повеќе членови“, додаде таа.
„Од теписите во Кан правиме класични чанти, но и торби за шишиња вино, капи, футроли за очила - доста уникатни парчиња“, објасни Елса Рамуни-Јордикијан, од здружението „Réserve des Arts“ и секретар на здружението „Les Nippones“, која повеќе од четири години користи делови од познатиот тепих за рециклирање.
Ново на Сител
-
ОЈО поведе истрага за пожарот во Трубарево
-
Муцунски во посета на САД, средба со конгресмени и сенатори
-
Протест со повик „Ниту една повеќе“
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка
-
Две години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
-
Трубарево и Дрисла под контрола - учениците во четирите училиште в понеделник се враќаат на настава
-
Политички реакции за фемицидот во Велес
-
Стартуваа обуките за јавната администрација - премиерот најави департизација на јавниот сектор