Loading Video...
Фудбал
30. May 2020 - 16:30

Црвена Звезда ја освои шампионската титула во Србија

Со трите натпревари одиграни синоќа, продолжи фудбалскиот шампионат во соседна Србија.
 
Иако чекаа речиси три месеци да ја потврдат новата шампионска титулата, на фудбалерите на белградска Црвена Звезда им беше доволен само еден натпревар тоа да го сторат.
 
Екипата на Црвена Звезда убедливо со 5-0 како гостин го победи Рад и со новите три освоени бодови направи недостижна предност во однос на "лутиот" ривал Партизан.
 
За црвено-белите ова е трета шампионска титулата во низа, за вкупно  31-ва во историјата на клубот.
 
По натпреварот фудбалерите и стручниот штаб го прославија освојувањето на шампионскиот трофеј со најверните навивачи популарните"Делије", а на собирот според информациите на српските медиуми, биле присутни повеќе од 1.500 навивачи на Црвена Звезда.