Живот
10. јуни 2017 - 10:13

Црвена свиња се прошета низ улицата

Во Прокупље, селото Бабин Поток, се појави црвена свиња .
 
- Поминувавме со теренското возило низ селото и низ прозорот здогледав црвена свиња со црна лента на грбот.Најпрвин не ми се веруваше што гледам поради дождот , мислев дека ми се причинува, но кога погледнав подобро, тоа беше тоа.Свињата беше црвена и тоа многу црвена- рекол човекот кој ја фотографирал.
 
-Се распрашав низ селото и дознав дека нејзините сопственици фарбале по дома, па се одлучиле со Вар и малку боја да ја обојат и неа, кој за среќа не е штетен за свињата, но е многу ефектен.Инаку природната боја на свињата е црна- рекол тој.