Црвен крст: Извршена и втората исплата за поддршка на настраданите во Кочани
Заклучно со денешниот ден во апелот на Црвениот крст за настраданите од пожарот во Кочани собрани се 112.595.482,00 денари. Досега Црвениот крст изврши првична исплата на средства на семејствата на сите починати и повредени лица кои се лекуваат во странство и во земјата. Денеска е извршена и втората исплата за поддршка на настраданите семејства од трагичната несреќа во Кочани. Од двата трансфери вкупно се исплатени 60.850.000,00 денари од досегашните донирани средства, информираат од Црвениот крст.
Оттаму додаваат дека во соработка со внатрешните професионални институции во државата, како и надлежните министерства и Владата, кои ги покриваат прашањата на проценките на видовите на штети во вакви ситуации, се работи на изнаоѓање на пристап кој ќе се примени во понатамошна дистрибуција на средствата кои се собираат во Црвениот крст. Тој, велат од Црвениот крст, ќе значи реална поддршка во вистинско време за лекување и справување со последиците од катастрофата.
- Црвениот крст заедно со нашите партнери продолжува со испораката на психосоцијална и друга поддршка на настраданото население. Поради сè уште големиот интерес за донирање, апелот за собирање на средства продолжува и понатаму, појаснуваат од Црвениот крст.
Оттаму уште еднаш упатуваат голема благодарност до сите кои донирале за помош на настраданите.
Ново на Сител
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал