Црногорската полиција заплени 20 тони хашиш, уапсени 11 лица
Во заедничка операција на црногорската полиција и Американската агенција за борба против наркотици (ДЕА), минатата недела биле запленети 20 тони хашиш со вредност од 65 милиони евра на црниот пазар, соопшти синоќа висок претставник на црногорската полиција Енис Баковиќ.
Тој прецизираше дека на 2 август, во водите на Италија бил запрен бродот „Ремус“, кој пловел под знамето на Панама, поради сомнение дека криумчарел хашиш, а чиј екипаж бил составен од 11 црногорски државјани, кои се уапсени.
Бродот испловил од малото црногорско пристаниште Зеленика кај Херцег Нови и се упатил кон Мароко, каде се претпоставува ја натоварил дрогата, јави РТЦГ.
Црногорската полиција во соработка со ДЕА го следала бродот при враќањето, а кога им се придружила италијанската полиција, пловилото со 20 тони хашиш било запрено во меѓународните води.
Ново на Сител
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски