Црногорците поделени околу членството во НАТО
Црногорците се поделени по прашањето околу членството на нивната земја во НАТО, покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата ИПСОС.
Како што јави Танјуг, според анкетата, 48 проценти од испитаниците имаат позитивно мислење за НАТО, а 47 отсто - негативно.
Доколку неделава би се одржал референдум за членство на Црна Гора во НАТО, своето гласачко право би го искористиле 76 отсто од анкетираните, од кои 42 процнети би гласале „за“ членство, а 38 отсто „против“.
Независно од тоа дали го поддржуваат членството во НАТО или не, дури 70 отсто од испитаниците оценила дека „на крајот“ Црна Гора ќе биде дел од Алијансата.
Во однос на претходната слична анкета на ИПСОС, спроведена лани во септември, процентот на оние кои имаа позитивен став кон НАТО е зголемен од 35 на 48 процентни поени.
Ново на Сител
-
Мицкоски оптимист по средбата со Макрон
-
Предвремени избори - Затворена тема
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати мерките
-
ДУИ: Се партизира судството
-
Фетаи добил закани по живот
-
Осветлена првата новогодишна елка во Грција за оваа година, традиционално во село на Халкидики
-
Аргентина: Три лица обвинети за смртта на Лијам Пејн
-
Херцог шокиран од насилните судири во Амстердам