Црна Гора/Ковид-19: Со изолацијата пораст и на семејното насилство
Изолацијата, воведена како мерка за ширење на епидемијата на коронавирус, предизвика зголемување од 20 проценти на бројот на случаи на семејно насилство во Црна Гора и не се исклучува можноста дека таа бројка ќе се зголемува во наредните недели.
Во март, Националната СОС линија за жртви на семејно насилство забележа пораст од 20 проценти во повиците, според координаторката за Никшиќ, Наташа Меѓедовиќ, јави РТЦГ.
Во последната седмица, линијата на СОС имала 69 повици, што е за околу 20 проценти повеќе од претходната недела.
– Оваа состојба негативно влијае на лицата со искуство на насилство и ја влошува нивната состојба, рече Меѓедовиќ, за Утринската програма на ТВЦГ.
Таа наведува дека новата статистика во време на домашна изолација не била изненадувачка.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори