Балкан
12. January 2016 - 10:44

Црна Гора: За доверба на Владата ќе се расправа на 25 јануари

Вонредната седница на Собранието на Црна Гора на која пратениците ќе се изјаснат за доверба на владата ќе се одржи на 25 јануари.

Според РТВ Црна Гора, Владата во крајот на декември прифати иницијатива на премиерот Мило Ѓукановиќ во парламентот да се одлучи за доверба на извршната власт, а иницијативата во Собранието пристигна по празниците.

За да  опстане владата потребно е мнозинство од вкупниот број, односно 41 пратеник. Владејачкото мнозинство има 44 претставници од кои петмина од СДП од каде порачаа дека нема да гласаат за доверба на владата.