Црна Гора воведе санкции за три руски компании
– Црна Гора ги поддржа европските санкции против три руски компании, кои, според соопштението на Советот на ЕУ, се вклучени во зделки со нафта во Сирија и служат за помагање на операциите на групата Вагнер, за која се вели дека е руска платеничка армија, јави РТЦГ.
Освен за три компании, Црна Гора воведе санкции и за двајца руски државјани кои, како што се тврди, се во највисокото раководство на Вагнер групацијата.
Соопштението за одлуката на Црна Гора беше објавена од страна на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност на веб-страницата на Советот на ЕУ.
Под санкциите се Velada LLC, Mercury LLC и Evro Polis LLC. И Андреј Трошев и Андреј Богатов.
Кон овие мерки, како што се посочува, се прибегнува поради вмешаноста на овие лица во настаните во Сирија.
Црна Гора неодамна поддржа уште еден пакет европски санкции против Вагнер групата, поради обвинувањата за кршење на човековите права во некои африкански и азиски земји, но и во источна Украина.
Ново на Сител
-
Столтенберг се надева дека Украина може да се приклучи на Алијансата во следните 10 години
-
Шолц вети дека поддршката на ЕУ за Украина нема да ослабне, и покрај посетата на Орбан на Москва
-
Муцунски: Заедничките активности на НАТО и ЕУ во регионот од суштинско значење за зацврстување на стабилноста
-
НЕПТУН слави 10 години на HAPPY програмата за лојалност
-
Гир и Дрекслер се надеваат на продолжување на дијалогот со новата Влада, по изјавите на Мицкоски дека амбасадорите се мешаат во внатрешните работи
-
Собранието ги избра делегациите за парламентарна соработка со меѓународни институции
-
Собранието ја избра Марина Димовска за генерален секретар
-
Михајловска: Годинашната средна оценка на матура 3,25, одлична по однос на објективноста