Балкан
10. July 2020 - 10:21

Црна Гора со засилени инспекции поради недисциплина на угостителски објекти

 Црногорското Национално координативно тело воочи дека во општините на северот на земјата, каде што е забрането работењето на угостителските објекти, имало повеќе случаи на пружање угостителски услуги, со што се поттикнува собирање на граѓаните спротивно на мерките против ширењето на Ковид-19, поради што Владата ќе испрати инспекција .

Забележано е дека собирања се случиле и во објекти каде се поставени кафемати и високи миса (т.н. коњопои), известува погорскиот портал ЦдМ.

– Со оглед на тоа дека оваа нова појава придонесува за ширење на инфекцијата на Ковид-19, наложено е инспекцијата да ја провери ситуацијата на бензиските пумпи и други објекти каде се поставени автомати за кафе и за секое утврдено прекршување на мерките да издаде налог за затворање на објектот и одземање на дозволата за работа“, соопшти црногорската Влада.