Црна Гора подготвува исклучителни безбедносни мерки за посетата на Мајк Пенс на Подгорица
Црногорските власти во текот на последните денови подготвуваат исклучителни безбедносни мерки за посетата на американскиот потпретседател Мајк Пенс, на 2 август, соопшти црногорскиот весник „Побједа“.
Американски претставници веќе извршиле инспекција на аеродромот во Подгорица, каде ќе слета авионот со американскиот потпретседател и неговата делегација. Американците на домаќините им објасниле каков е протоколот за посетата на вториот човек на САД.
Пенс е највисоко позициониран американски политичар, кој ја посетува Црна Гора. Тоа ќе биде негова прва посета на регионот.
Во Подгорица потпретседателот на САД ќе се сретне со претставници на земјите членки и набљудувачи на Јадранската повелба, што беше основана во 2003 година под покровителството на САД, а со цел да се координираат активностите за поддршка на земјите кандидати за членство во НАТО.
Првично во јадранската повелба членуваа Албанија, Македонија и Хрватска, а во 2008 година кон нив се приклучија Црна Гора и Босна и Херцеговина, додека Србија и Словенија го добија статусот на наблљудувачи.
Ново на Сител
-
ДСЗИ изврши надзор на Токсикологија, склучените договори за работа се со потпис на еден директор
-
ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај
-
Умерен земјотрес во Романија
-
Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар
-
Просечната нето плата во март 40 496 денари
-
Милевски го објави списокот за натпреварите против Хрватска и Чешка
-
Спречен влез на 1,7 тони медикаменти штетни по здравјето на граѓаните
-
Кина најави санкции за американски одбранбени компании