ЦКГ: За две години власта потрошила над 8 милиони евра од парите на граѓаните за набавка на службени автомобили
8,1 милиони евра наши пари потрошиле државните институции во последните две години за да набават 392 нови патнички автомобили, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.
Една четвртина од набавените нови возила се поскапи од 30.000 евра. Најмногу нови возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи, 46 „Пасати“ по 39.000 евра секој. Сепак, најскапото возило го купила Општина Струга и чинело 66 илјади евра. Просечната вредност на возилата купени од државните институции изнесува 17 илјади евра.
Функционеите најмногу сакаат Шкода и Фолксваген. Безмалку половина од новите возила се од овие производители. Меѓу Флоксвагените омилен е Пасатот е меѓу Шкодите Октавијата.
„Конкуренцијата на тендерите за набавка на нови возила речиси и да не постоела. Дури на 71 отсто од тендерите имало само по една понуда и покрај големиот број дистрибутери на нови возила во земјава. Ова го отвора сомнежот дека државните институции доминантно си купувале такво возило какво што сакале“, се наведува во соопштението на Центарот за граѓански комуникации.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак