ЦИВИЛ: Политичката злоупотреба на деца продолжува со несмалено темпо
Од долгорочниот мониторинг на ЦИВИЛ – Центарот за слобода се констатира дека политичката злоупотреба на децата продолжува со несмалено темпо. Децата се во првите редови на митинзите и се употребуваат во видео снимки, пропагандни спотови и фотографии што се објавуваат на социјалните мрежи и во медиумите, како да не постојат јасни домашни и меѓународни кои таквата злоупотреба ја забрануваат.
ЦИВИЛ најостро ја осудува злоупотребата на децата и малолетниците во политички и изборни цели и уште еднаш ги повикува институциите веднаш да реагираат и да ги санкционираат сите што ги вовлекуваат децата во политиката на било кој начин. Според член 12, став 4 од Законот за заштита на децата, се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување.
СТОП за политичката злоупотреба и индоктринација на децата! Како и во своето претходно соопштение, ЦИВИЛ уште еднаш ги потсетува политичките партии, родителите, медиумите и институциите дека секое дете, без никаков исклучок, има право на достоинствен живот и да ги ужива сите права наведени во Декларацијата за правата на децата и во Законот за заштита на децата. Голем број деца немаат пристап до квалитетно образование, здравствена заштита и достоинствени услови за живот. Тие имаат право на безгрижно детство, ослободено од дневно политичките случувања.
Ново на Сител
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија