Ципрас: Решението меѓу Грција и Северна Македонија е клучно за регионот
Заедно со мојот колега, Зоран Заев, успеавме да го решиме проблемот со името меѓу Грција и Северна Македонија, нешто што е особено клучно за регионот на Балканот, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во неговото обраќање во Дубровник за време на Конференцијата на иницијативата „16+1“, јави дописничката на МИА од Атина.
-Сметам дека ова е многу критичен момент за светските и регионалните случувања и треба кризата да ја оставиме зад нас и да изградиме нови темели за поддршка на нашата регионална и глобална соработка. Па така, она што ние се обидуваме да го постигнеме е да се соочиме со предизвиците како што се споровите во нашиот регион. Конкретно, неодамна, заедно со мојот колега, Зоран Заев, успеавме да го решиме проблемот со името меѓу Грција и Северна Македонија, нешто што е особено клучно за регионот на Балканот, рече Алексис Ципрас во обраќањето на Конференцијата и ги спомена, „грчките иницијативи за привлекување инвестиции во регионот“, како што е кинеската инвестиција „ Cosco“ во Пиреја и соработка за иницијативата „One Belt, One Road“.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, на маргините на конференцијата била одржана и средба на премиерите на Северна Македонија, Грција и Хрватска на која станало збор за соработката меѓу трите земји.
-Според дипломатски извори, хрватскиот премиер им честиташе на Грција и Северна Македонија за Договорот од Преспа. Во овој контекст, се разговараше за соработката на Грција и Хрватска за почеток на пристапниот процес на Северна Македонија во ЕУ, објави АНА-МПА.
Ново на Сител
-
Високиот крвен притисок причина број еден за смртни исходи
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор