Ципрас: Речиси тридеценискиот спор стигнува до крајот
Во обраќањето на годишниот самит „Конкордија“ во Њујорк грчкиот премиер Алексис Ципрас меѓудругото говореше за иницијативите на Балканот, споменувајќи го и прашањето за името. Грчкиот премиер рече дека спорот по речиси три децении стигнува до крај, а неговата визија е Грција, како водечка сила, да го одведе целиот регион до стабилност, соработка и просперитет.
- Презедовме важни иницијативи Балканот да го направиме стабилен, безбеден и просперитетен дел од Европа. Видовме дека постои прозорец на можности за да се надмине едно прашање што беше трн за Грција и Европа речиси три децении. Прашањето со поранешната југословенска Република Македонија стигнува до крај. Со почитување на нашата историја, со почитување на нашите народи, рече Ципрас.
Грчкиот премиер се осврна и на економската криза со која се соочуваше Грција, велејќи дека земјата сега веќе сврти страница и застана на нозе, јави дописничката на МИА од Атина.
Во однос на бегалскиот проблем, Ципрас рече дека е европски проблем за кој е потребна заедничка европска стратегија за справување.
Ново на Сител
-
Азир Алиу избран за нов министер за здравство
-
Нов осомничен за пожарот во „Пулс“
-
Реакции за пиротехника
-
Полицијата го лиши од слобода струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов кој се сомничи за финансиски злоупотреби
-
Обвинителство: Убиството на Вања е чин кој не може да се оправда
-
Формирана стручна комисија која ќе испитува дали има лекарски пропуст кај починатото дете од Кавадарци
-
Нема драстично поскапување на основните прехранбени производи вели Дурмиши
-
Грантови до 10.000 евра за невработени лица кои сакаат да започнат бизнис