Ципрас: Разликите треба да се решаваат преку дијалог
Разликите што постојат треба да се решаваат единствено преку дијалог, изјави синоќа грчкиот премиер Алексис Ципрас на средба со вселенскиот патријрах Вартоломеј во Атина.
Како што јавија грчките медиуми, Ципрас нагласи дека Грција во моментов се соочува со три кризи - економската криза во Европа, која, според него, се уште не е завршена, бегалската криза и кризата на дестабилизација и конфликти во регионот.
- Ставот на грчката Влада е дека единствен начин за надминување на разликите е патот на дијалогот, изјави Ципрас.
Тој нагласи дека Грција „не сака да биде дел од проблемот, туку дел од решението и не само дел од кризата, туку и дел од решението“.
Патријархот Вартоломеј од своја страна нагласи оти верува во дијалогот, додавајќи дека проблемите во црквата и општетсвото треба да се решаваат пореку дијалог, а не со оружје.
Ново на Сител
-
Снопче: Aкo Мицкоски каже да ја напуштиме Владата, веднаш ќе го сториме тоа
-
Тема на денот со Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците
-
49 осомничени во акција на ОЈО ГОКК и МВР
-
Три ипол години затвор за Стевчо Јакимовски
-
Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство
-
Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања
-
РЕК Битола ја исчисти недозволената количина на пепел, тврдат дека не била токсична