Ципрас го отвори Евро-арапскиот самит во Атина
Денешниот самит, кој се одржува во еден критичен момент за грчката економија, во време на обнова, но, исто така, и во критично време за стабилноста во поширокиот регион, може да придонесе во повеќе сектори, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во Атина на отворањето на самитот ЕУ-арапски свет „Партнери за раст и развој“.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, Ципас ја истакна важноста на Самитот што се одржува во Грција, земја која, според него, „излегува од шестгодишната криза, цврсто надградувајќи ја својата улога како столб на мирот, стабилноста и безбедноста во регионот“.
На евро-арапската средба ќе се разгедуваат новите можности за соработка меѓу ЕУ и арапските земји, економкската трансформација на арапскиот свет, создавањето нови перспективи во областа на енергетиката и перспективите на Грција во областа на претприемништвото и инвестициите.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР