Кошарка
16. January 2016 - 19:46

Цибона подобра од МЗТ Скопје

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе дванаесеттиот пораз  во регионалната кошаркарска АБА лига.
 
Попладнево на гостувањето во Загреб, МЗТ Скопје А. загуби од  кај Цибона со 68:62 во натпревар од 20.коло.
 
Американецот Флоренс со 18 постигнати поени беше творец на победата на загрепската екипа, додека кај МЗТ Скопје капитенот Дамјан Стојановски и Ѓорѓе Дреновац со по 14 постигнати поени беа најефикасни.
 
Вечерва ќе се играат и натпреварите Крка – Партизан и Будуќност - Унион Олимпија, додека утре на програмата се средбите, Мега Лекс – Тајфун и Задар – Цедевита. 
 
Колото ќе биде комплетирано во понеделник со дуелот Црвена Звезда – Металац. 
 
Во првиот натпревар од ова коло одигран вчера Сутјеска загуби од Игокеа со 72-83.