Свет
23. December 2016 - 18:33

ЦИА: САД да не и одговараат со иста мера на Русија за хакерските напади

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Бренан ја предупреди денеска американската Влада да не одговара со иста мера на хакерските напади на Русија за време на претседателската кампања во САД.

- Сметам дека не треба да се служиме со тактики и техники кои нашите непријатели ги користат против нас. Мора да сме свесни за што се бориме, а се бориме за нашата земја, демократија, начин на живот и работа, истакна Бренан.

Според него, „триковите“ кои ги користат некои американски противници и непријатели се „под нивото на оваа голема земја“.