Чуминден - денеска е голем и тежок празник
Македонската православна црква на денешен ден го одбележува споменот на Светиот свештеномаченик Харалампиј, празник попознат и’ како Чуминден…
Овој голем светител беше епископ во Магнезија и во својата сто и тринаесетта година пострада за Христа. Кога настана страшното гонење на христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј не се криеше од гонителите, туку слободно и јавно ја проповедаше Христовата вера. Сите маки ги претрпе како во туѓо тело. А кога уште жив му ја дереа кожата, незлобливиот светител им рече на царските војници: „Ви благодарам, браќа, зашто ми го истругавте старото тело, а ми го обновивте духот за нов, вечен живот“. Изврши многубројни чуда, во верата обрати многумина.Дури и царската ќерка Галина го напушти незнабоштвото на својот татко и стана христијанка. Осуден на смрт и изведен на губилиштето свети Харалампиј ги воздигна рацете кон небото и Му се помоли на Бога за сите луѓе, за да им даде Бог телесно здравје и спасение на душите и да ги умножи земните плодови. „Господи, Ти знаеш дека луѓето се месо и крв, прости им ги гревовите и излеј ја Твојата благодат врз сите!“ После молитвата овој свет старец ја предаде својата душа на Бога пред да го спушти џелатот мечот врз неговиот врат. Пострада во 202 година. Неговото тело го зеде Галина и чесно го погреба.
Празникот Свети свештеномаченик Харалампиј народот го вика Чуминден. Поврзан е со болестите и се смета за чувар од нив, а се врзува со чумата зошто таа се смета за најопасна болест. Народот верувал дека тој е пазител од чумата која ја соборил и победил, а тоа бил ѓаволот .
Ново на Сител
-
Трамп и Путин денеска во Енкориџ, на Алјаска, ќе разговараат за војната во Украина
-
На протестите синоќа низ Србија повредени 42 полицајци, 37 луѓе приведени
-
Без струја денеска делови од Ѓорче Петров, Карпош и Кисела Вода
-
Сончево со температура до 36 степени, нестабилно време за викендот
-
Кац: Израел е решен да го победи Хамас во Газа, ќе дејствуваме како една тупаница
-
Пожарот во ловиштето „Јасен“ сè уште активен, одбраната на објектите на претпријатието продолжува и во текот на ноќта
-
ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија
-
Левит: САД имаат многу алатки за да помогнат во завршувањето на конфликтот во Украина