Чулев од Битола: Има најави дека од 7 до 10 дена ќе пристигне пратка со патни исправи
На подрачјето на СВР-Битола има подобрување во процентот на откриени кривични дела освен во делот на опожарени возила кои се на територијата на ОВР-Прилеп и кои не се резултат на организирана група, е информацијата што ја добил министерот за внатрешни работи Наќе Чулев од СВР Битола, каде во рамки на работната посета беше брифиран за состојбите со криминалитетот и процентот на откриени кривични.
– Дадов насоки за преземање поинтензивни активности на терен, а со цел превенција и спречување на овој вид кривични дела, изјави министерот Чулев.
На средбата во СВР Битола се разговарало и за подготовките околу претстојните парламентарни избори, за што се дадени насоки за преземање широк спектар мерки за спречување на изборни нерегуларности на подрачјето на СВР-Битола. Посебен акцент, нагласи Чулев, бил ставен на поткупот на социјално ранливи категории граѓани, ромската популација, агитација на ден на избори или групно гласање, а се со цел да има фер и демократски изборен процес.
Министерот Чулев информира дека ситуацијата со патните исправи ќе се стабилизира и се очекува порано од 24 март да пристигне првата пратка со патни исправи.
– Имаме најави за 7 до 10 дена да пристигне првата пратка со патни исправи и во тој дел состојбата со патните исправи ќе се релаксира, изјави Чулев.
Во однос на корона-вирусот, на прес – конференцијата во Битола беше информирано дека МВР има преземено активности и во тие рамки граничната полиција дели печатен материјал со информации поврзани со мерките кои се преземаат за заштита од корона-вирус, а на вработените им се дадени заштитни маски и ракавици.
– Ќе спроведеме итна јавна набавка за заштитна опрема и дезинфекциони средства за сите вработени во МВР да бидат соодветни заштитени. Инаку во овој момент МВР е ангажирано за 24 часовно обезбедување на еден објект во Скопје и 4 објекти во Струмица каде согласно насоките од Министерството за здравство, лицата кои живеат во тие објекти се во карантин, потврди Чулев.
Ново на Сител
-
Науката потврди: Појадокот со додадени ореви е полезен за мозокот и умствените способности
-
Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Зеленски
-
Владата ги отфрли како шпекулации и неточни наводите на СДСМ и ДУИ за работата на МЖСПП
-
Дебранец узурпирал земјиште и противправно се стекнал со имотна корист од над четири милиони денари
-
Папата Франциск од болница одобри декрети за нови кандидати за можна канонизација
-
Собранието ги донесе измените на Законот за потрошувачи, трговците на мало се обврзуваат да ги објавуваат цените на производите
-
Запленет автобус специјално адаптиран за криумчарење на повеќе од 500 парчиња облека
-
17-годишник излетал од пат со автомобил, повредени неговите малолетни сопатници