Чудо – НАСА откри жива икона со температура од 36,6 степени
Нејзините очи реагираат на светлина, таа има чудотворни својства, тврдат локалните жители.
Научниците од НАСА открија жива икона на која е прикажана Божјата мајка. Експертите се изненадени од температурата на иконата, која е 36,6 степени – како на живо човечко суштество.
Научниците ја истражувале иконата на Богородица од Гвадалупе која според локалните жители има чудотворни својства. Сензационално за научниците е тоа што како резултат на оптичката анализа е откриена тајната на мрежницата на окото на иконата. Имено, ретината од окото на сликата ја намалува својата големина, кога кон неа е насочена светлина, а се зголемува кога светлината се намалува! Со други зборови – очите реагираат на светлина, како жив човечки организам.
Температурата на платното, на која е насликана иконата одговара на нормална температура на живо човечко тело и таа е 36.6 степени Целзиусови. Уште повеќе зачудувачки е фактот што иконата има пулс, како на човечка крв.
По слушањето на сликата со стетоскоп, било утврдено дека пулсот на иконата е 115 удари во минута. Толку е и пулсот на фетусот во мајчината утроба.
Уште еден неверојатен факт е тоа дека боите на иконата не им се познати на научниците и на модерните сликари – тие не се од минерално, животинско или природно потекло – ништо слично нема на Земјата.
Познато е дека Дева Марија од Гвадалупе е почитувана икона во Латинска Америка. Католичката црква ја признала за чудотворна, а според податоците е насликана во 1531г.
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори