Живот
8. November 2016 - 18:51

ЧУДО НА ПРИРОДАТА: Ова бебе е родено со црно-бела коса, погледнете како изгледа денес

И додека повеќето бебиња се раѓаат без коса, таа е родена со црно-бела коса. Малата Милиана е четврта генерација на женски деца родени со ист бел прамен.

Но, не е само таа со ваков прамен, Милиана е четвртата генерација на женски деца кои се раѓаат со овој голем бел прамен на косата.

miliana

Сличен но помал прамен имаат нејзината 23 годишна мајка Брајана, 41 годишна баба Џенифер и 59 годишна прабаба Џоан.

– Не сме сигурни колку генерации наназад женските деца го имале овој прамен на главата. Знаеме само за нас четири, затоа што мојата баба била посвоена, па никогаш не си ги запознала своите биолошки родители. Се надевам дека и мојата ќерка Милиана ќе има иста вакав коса – раскажува гордата мајка Бријана од Јужна Каролина, САД.

beba-galerija

Таа раскажува како честопати ја застануваат на улица, и како повеќето од луѓето се воодушевуваат од изгледот на незината ќерка.