Чудна случка: Ловец пријавил дека мечка му украла две пушки а сега му се заканува казна
Полицијата во еден регион близу Сибир покрена пред истражна постапка кон една мечка, откако ловец пријавил дека таа му украла две пушки, соопшти денес прес- службата на регионалното Министерство за внатрешни работи.
Според зборовите на 57 годишниот ловец тој на 16 ноември додека бил на лов неколку километри од селото се одлучил да се одмори во една шумска куќичка, а во меѓувреме ги оставил двете пушки и останатите работи и заминал по вода.
Кога се вратил слушнал чудни звуци и ја здогледал мечката, а за да избегне непосакуван настан тој избегал во шумата и чекал да си замине мечката неколку часа, стои во изјавата на прес- службата.
Тој откако се вратил во куќата видел дека му фалат двете пушки и торбата.
Ловецот откако неколку денови сам ги барал своите две пушки, ја известил полицијата.
Кога полицијата стигнала ја проверила околината, но снегот за жал ги покрил сите траги на мечката.
На ловецот сега му се заканува парична казна, а може да ја загуби лиценцата за купување и користење оружје во време траење од една година.
Ново на Сител
-
Зеленски: Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни
-
СЗО: Медицинска помош не е влезена во Газа од израелското заземање на преминот Рафа, на 6 мај
-
Словачкото обвинителство побара притвор за напаѓачот на премиерот Фицо, судот за тоа ќе одлучува утре
-
УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023
-
Тешко повредено едно лице откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија
-
Истрага за насилство во училиште во Битола, мерка притвор за еден од извршителите
-
Ѓорги Божинов, генерален секретар во кабиентот на Сиљановска
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана