Ракомет
17. April 2017 - 9:19

Човиќ меѓу „трите ѕвезди“ на реванш четвртфиналето

Ракометарката на ЖРК Вардар Андреа Човиќ со успешниот настап во саботата во реванш четвртфиналето со Митјиланд се најде меѓу „трите ѕвезди“ на оваа рунда. Таа постигна шест голови, а уште позначајно е дека по повредата што ја имаше се враќа во добра форма.

Покрај Човиќ во изборот се наоѓаат и Кристина Неагу (Будуќност) и Едуарда Аморим Талеска (Ѓер), која на дуелот со Мец го постогна 500 -тиот гол во Лигата на шампионите. 57 од тие голови ги има постигнато во дресот на Кометал Ѓорче Петров, а 443 како ракометарка на Ѓер.