Живот
20. November 2015 - 18:58

Човек чија жена е убиена во Париз напишал писмо до ИСИС кое ќе ве расплаче

Антон во терористичките напади минатиот петок во Париз ја изгубил својата сопруга Хелен. Поради овој трагичен случај, се одлучил да напише отворено писмо до озлогласената терористичка организација ИСИС.

Неговите зборови ќе ве трогнат и расплачат, особено поради тоа што вакво нешто од човек кој е животен сопатник не би очекувале.

"Во петокот вечер одземавте еден живот - љубовта на мојот живот, мајката на мојот син - но нема да ве мразам проади тоа. Не ве познавам кои сте, и не сакам да ве знам, вие сте мртви души", напишал тој.

"Не, нема да ви поклонам подарок дека ве мразам. Вие тоа го барате, но омразата би покажала само дека вашите жртви се исто како вас. Барате да бидам исплашен, да ги гледам своите сонародници со сомнеж, да ја жртвувам својата слобода поради сигурност. Вие изгубивте".

Антон нагласил дека својата сопруга ја видел тоа утро, дека изгледала прекрасно, како и секогаш во нивните 12 години заеднички живот.

"Нормално дека сум скршен од болка, тука ви ја признавам вашата мала победа, но болката ќе трае многу кратко. Знам дека она ќе биде со нас секој ден..."

Писмото го завршил додавајќи дека со неговиот син кој има неполни 17 месеци останале само, но дека двајцата заедно се појаки од било која војска на светот.