-->
-->
Човечки синџир против Брегзит во Лондон
-->
Неколку стотици граѓани на Европската унија кои живеат во Велика Британија и Британци кои живеат во ЕУ денеска направија човечки синџир пред седиштето на Владата во Лондон, барајќи да им бидат гарантирани правата ако не се постигне договор помеѓу Лондон и Брисел за Брегзит.
Противниците на Брегзит направија човечки синџир, што се протегаше од британскиот Парламент до седиштето на владата. Учесниците на протестот предадоа писмо до властите со барање да се заштитат правата на државјаните од Европската унија без оглед на исходот од преговорите.
Европската комисија во меѓувреме, негираше медиумски извештаи според кои е близу договорот меѓу ЕУ и Британија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнува реконструкција на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
-
Автобус на ЈСП се запалил во движење, го изгасил возачот но завршил во болница
-
Струга ќе добие Центар за аутизам, третманите ќе бидат бесплатни
-
Дополнетиот ребаланс на Буџетот утре на пленарна седница
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Муцунски за критиките за „српски свет“: Ние сме македонски свет, Пендаровски за пет години имал девет средби со Вучиќ
-
МВР: Кај 23-годишник од Скопје пронајдено оружје и муниција
-
Приведени двајца возачи од Битола и ресенско, возеле пијани