Членови на СДСМ пријавиле физички напад од активисти на ВМРО-ДПМНЕ во Василево
Доаѓаме од полициската станица каде го пријавивме инцидентот којшто денес се случи околу 11 часот во населеното место Василево каде заедно со моите другари и другарки од општинската организација на СДСМ одевме од врата на врата и разговаравме со граѓаните и ја презентиравме програма на нашиот кандидат Марјан Јанев.
Во еден момент кога бевме во маалото каде што ги вршевме активностите врата до врата влегоа кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и негов сопартијец Ацо Василевски и кандидатот за градоначалник Славе Андонов којшто со првично вербални напади сакаа да не исфрлат од дворот каде што бевме и разговаравме со граѓаните.
Во еден момент се случи Ацо Василевски ја нападна физички со тупаници Верче ја удри по рака во моментот кога сакавме да пријавиме во полиција. Во тој момент Крсте којшто сакаше да ја одбрани од насилството Верче. Крсте беше нападнат од Ацо Василевски.
Нападот врз жена, насилство врз жена е кривично дело, насилството врз било кој граѓанин е кривично дело и токму затоа го пријавивме овој настан за да престанат насилствата и за да научат граѓаните дека демократијата која ја нуди СДСМ е опција за мир и спокој во државата наспорти насилство, уцени и потценување на граѓаните.
Јована Тренчевска, членка на Извршен одбор на СДСМ
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
Ново на Сител
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ