Членови на Европскиот парламент ја посетија општината Чаир
Членовите на Европскиот парламент, Ребека Хармс, Игор Шолтс, Роберт Година и Ане Тиделман, претставници на партиите на „зелените“ од Словенија, Германија и Шведска денеска ја посетија Општина Чаир .
Во рамки на нивната посета европратениците остварија средба со градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, кој ги презентираше тековните проекти и развојните планови на општината.
Европратениците го поздравија отворањето на канцеларијата на општина Чаир во Брисел, реализирана при последната посета на градоначалникот Меџити на европската престолнина, преку која општината полесно ќе ги промовира проектите и своите потенцијали.
Гостите од Брисел, како што е наведебо во соопштението од општина Чаир, покажале интерес и за актуелните политички случувања во земјата, при што заеднички бил поздравен позитивниот резултат постигнат во преговорите на политичките лидери околу имплементација на договорот од Пржино.
Ново на Сител
-
Продолжува борбата со огнените стихии, Мицкоски најави помош од неколку држави
-
Две третини од идните средношколци запишани во стручните училишта
-
На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу 30 минути
-
Без струја Службата за заeднички работи при Клинички Центар „Мајка Тереза“
-
СЗО: Стапката на вакцинација на децата е под нивото пред пандемијата
-
Човекот кој загина на митингот на Трамп го заштитил своето семејство од куршумите
-
Бајден: Политиката никогаш не треба да се претвора во бојно поле
-
Портокалово ниво за опасност од високи температури