Свет
16. September 2016 - 11:52

Чизов: ЕУ е политички незрела

Постојаниот претставник на Русија за ЕУ Владимир Чизов изјави дека уште едното во низата продолжувања на антируските санкции, говори за ниската политичка зрелост на ЕУ. 

- Немаше никави разговори (меѓу претставниците на Русија и ЕУ). Тоа сведочи дека ЕУ од аспект на политичка храброст засега не е зрела критички да гледа на сопствената политика, истакна Чизов. 

Според неговите зборови, ЕУ засега не донела одлука која покажува дека е заинтересирана за воспоставување на дијалог со Русија, и која би одразувала пораст на расположение во европските држави. 

Чизов забележал и дека постои разбирање дека до завршувањето на траењето на санкциите, ЕУ сепак ќе направи таканаречен стратешки преглед на нејзината политика. Тоа може да се случи на самитот на ЕУ во Брисел на 20 и 21 октомври. 

Постојаниот руски претставник во ЕУ нагласи дека Москва не разговарала со ЕУ за укинување на санкциите. 

- Ние немаме намера да имаме какви било контакти со ЕУ на тема санкциите, бидејќи тоа не е предмет на нашиот дијалог. Тоа е проблем кој тие самите го создадоа, притоа, не само на нас, туку и на себеси, и кој тие сами треба да си го решат, објасни Чизов.