-->
-->
Чистење на каналите во Берово
-->
Во насока на заштита на населението од евентуални поплави во општина Берово започнаа активности за чистење на месноста Ормански поток од мостот кај Полотекс до спојот со Којова Ливада.
Според предвидените активности се врши чистење, ископ и исфрлање на ѓубрето од каналот во должина од 230 метри.
Како што информираше градоналалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, активностите се реализираат во насока на заштита на ова подрачје пред претстојните есенски дождови.
- Со чистење на наносниот материјал од вегетацијата во Орманскиот поток превентивно делуваме против излевање на потокот и ја заштитуваме улицата, оставаме подобра слика на градот и ги подобруваме условите на населенито во смисла на заштита на нивните имоти, семејни објекти и земјоделски површини, рече Пекевски.
Активноста се реализира согласно програмата на одделението за комунална дејност при што, како што велат оттаму, освен превенција во пресрет на есенските дождови целта на активноста е создавање почиста урбана средина во Берово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тројца дилери приведени во Скопје
-
Димитриевски: Сите граѓани да имаат еднакви права при вработување, суштински да се заложиме за квалитет
-
Чествување на 11 Октомври во Прилеп со пораки да не се заборави минатото и да се гради иднината
-
Почна Увидот во запалената зграда во Чаир
-
Ураганот Милтон во Флорида усмрти најмалку 14 луѓе
-
Земјотрес со епицентар во Демир Капија
-
Честитка од СПМ по повод 11 Октомври - Денот на народното востание
-
Мицкоски по повод 11 Октомври: Нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, а ние имаме цел економски да ја развиеме