Македонија
11. November 2021 - 10:13

Четвртооделенците учеа за локалната самоуправа од градоначалникот Муцунски

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, во својот кабинет ги прими четвртоодделенците од основното училиште „Љубен Лапе“. 

Учениците заинтересирани околу тоа какви надлежности има Општината и како функционира локалната самоуправа, го прашуваа градоначалникот како се решаваат конкретни проблеми како што се бездомните кучиња, игралиштата за деца, хигиената и парковите.

Не постои подобар начин да се научи како функционира локалната самоуправа и која е нејзината важност преку непосредна средба и изворно од првиот човек на Општината.