-->
-->
Четворица мажи уапсени во западна Германија откако пукале пред паб
-->
Германската полиција уапси четворица мажи по пукање пред паб во Нојнкирхен, околу 170 километри југозападно од Франкфурт, јави ДПА.
Маж (53) синоќа е повреден во ногата со два истрели, соопшти портпаролот на полицијата.
По инцидентот осомничените избегале со автомобил од местото на настанот, изјави тој и додаде дека во тек е истрага.
Полицијата соопшти дека двајца осомничени потоа се предале во Нојнкирхен, додека други двајца осомничени биле приведени во станбена зграда на адреса на сопственикот на автомобилот.
Осомничените се мажи на возраст од 28, 34, 41 и 45 години. Тие и се познати на полицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Експерти: Лидерската е вовед во политички дијалог, но без големи очекувања
-
Teма на денот со Ивон Величковски
-
Мицкоски и Филипче на чекор до лидерска средба
-
Мицкоски: Милошоски и Филков имале само лош ден што треба да заврши
-
Негативно мислење за разрешувањето на обвинителот Коцевски
-
Дали повисоки казни ќе спречат трагедии како Кочани?
-
Клиниката за физикална медицина се подготвува да ги прими првите пациенти од пожарот во Кочани за рехабилитација
-
На чекор сме до генерален штрајк во цела држава, предупреди ССМ на протестот за повисоки плати