Четворица имигранти загинаа при обид со возило да пробијат контролен пункт во Тексас
Четворица имигранти загинаа во сообраќајна несреќа до која дошло кога возилото со кое се превезувале се обидело да избегне контролен пункт на американските царински и погранични власти.
Во несреќата што се случила синоќа на контролен пункт во пограничниот град Ларедо во Тексас, загинале двајца Мексиканци, Гватемалец и уште едно лице чиј идентитет не е утврден.
Пред само неколку дена, како последица на топлотен удар настрадаа 53 имигранти, оставени без вода во неклиматизирана камионска приколка кај Сан Антонио.
Американските власти посочија дека царинските камери на пунктот кај градот Енсинал не ги регистрирале имигрантите сместени во камионската приколка.
За инцидентот од понеделникот со најголем број жртви меѓу илегалните мигранти се упасени четири лица, меѓу кои и возачот на камионот кој наводно бил под дејство на метамфетамин при извршената контрола.
Ново на Сител
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Превирања помеѓу народот и црквата
-
Заврши истрагата за 46 осомничени за пожарот во “Пулс”
-
Евалуацијата на повредените во “Пулс” ќе заврши до крајот неделата – досега прегледани 140 пациенти
-
Бугарија со нова резолуција за Македонија- македонците партии лобираат кај сестринските партии
-
Дали Македонија ќе стане една изборна единица? Независните бараат кандидатура со 50 потписи
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе се знаат сите кандидати за градоначалници