-->
-->
Четворица босански државјани осудени на седум години затвор за регрутирање борци за ИД
-->
Судот во Босна и Херцеговина денеска осуди на вкупно седум години затвор четворица босански државјани за организирано заминување и учество во сириската војна на страната на Исламска држава, објави „Дневни аваз“.
Главниот обвинет Хусеин Ердиќ беше осуден на три и пол години затвор, Митхат Трако, на една и пол година, а Невад Хушидиќ и Мерин Кесеровиќ, на по една година затвор.
Портпаролот на обвинителството Борис Грубешиќ изрази задоволство од пресудите.
Четворицата обвинети беа уапсени на 18 февруари годинава под сомневање дека финансирале терористичка дејност, јавно поттикнувале кон терористичка дејност и присоединување кон ИД во Сирија. нд/18:01
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До две илјади денари заштеда од храна без ДДВ, предлага СДСМ
-
Комората бара заемот од Унгарија што поскоро да стигне до бизнисот
-
Тошковски најави нови интересни случаи поврзани со групата „Грчец“ и организираниот криминал
-
Ден на ромскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: 0% ДДВ на храната
-
Владата останува посветена на борбата против корупцијата
-
Македонија подготвува нов пакет помош за Украина