Четиричлено семејство повредено во сообраќајка кај поранешна велешка Порцеланка
Четири члена на едно семејство од село Горно Врановци – мајка, татко и две деца, се повредени попладнево во сообраќајна несреќа на патот после поранешна велешка Порцеланка, на свиокот кон село Горно Оризари во правец на Велес, кога се превртел автомобил марка Бе-Ем-Ве со велешки регистарски таблички со кој патувале жртвите.
Како што информира за МИА, портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес, др. Тодор Јаковлевски, двете возрасни лица се здобиле со тешки повреди и се во животна опасност, поради што по прегледот во велешката болница со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Хируршките клиники во Скопје.
– Двете нивни деца се вон животна опасност, а на едното од нив хируршки тим на велешката Општа болница се подготвува да му изврши операција, изјави Јаковлевски.
Екипа на СВР Велес е на терен и врши увид и работи на утврдување на причините за сообраќајната несреќа.
Ново на Сител
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп