Македонија
1. December 2017 - 20:53

Четири возила заглавија кај Матка, патниците навреме спасени

Четири возила се заглавени во 1 метар длабока вода под подвозникот кај клучката „Матка“ во близина на бензинската станица „Бис Оил“.
 
Како што известуваат градските служби, за среќа патниците во возилата навреме биле извлечени од пожарникарски екипи. Подвозникот е полн со вода од обилните врнежи и дефект на водоводна мрежа.