Четири сообраќајки изминатите 24 часа во Скопје, едно лице лесно повредено
Едно лице се здобило со лесни телесни повреди во една од вкупно четири сообраќајки во текот на вчерашниот ден, а во три била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 54 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престројување, пет возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден возач за неправилно престигнување, девет возачи за не носење сигурносен појас и 29 возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторното возило. Санкционирани биле и седум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло.
Од сообраќај биле исклучени вкупно 17 возачи, од кои тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 13 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден возач почетник, како и девет нерегистрирани возила.
Затекнати биле 84 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 75 возила.
Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца