-->
-->
Четири пожари во еден ден во Кавадарци, пожарникарите на терен
-->
Четири пожари избувнаа денеска во Кавадарци, на терен се и пожарникарите кои би требало да се слободни, бидејќи работната смена во која припаѓаат, по правило не треба да е на работа. Оваа информација за МИА ја потврдија од Територијалната противпожарна единица. Оттаму нагласија дека ветерот денеска работел против нив.
– Имаме еден огромен пожар во атарот на селото Фариш, горат нискостеблеста шума и сува трева. Таму интервенираат 18 пожарникари со три наши возила, четворица комунални работници со две возила. Пожарот во атарот на Дебриште започна во три часот изутрина и беше локализиран, па се повтори седум часа подоцна. Таму се двајца пожарникари со едно возило, а имаме и помош од компанијата „Кожувчанка“, информираа од Противпожарната.
Оттаму соопштија дека разгорен е и пожарот во кој говорат сува трева и трње над мотел „Дреново“ на патот Градско-Прилеп, каде во гаснењето учествуваат двајца пожарникари со едно возило.
Четвртиот пожар бил попладнево во индустриската зона, каде пламените јазици се доближиле до неколку објекти, но благодарение на брзата интервенција, огнот бил навреме локализиран. Таму гаснеле двајца пожарникари со едно возило, а помош пристигнала и од компанијата „Еуро никел“.
Од Противпожарната нагласуваат дека се максимално ангажирани со цел најбрзо справување со пожарите и спречување на штети од нив. с
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонските иселеници од Италија благодарни за честа искажана од претседателката Сиљановска Давкова
-
Претрес во Скопје, приведени двајца дилери
-
Мицотакис: Очекувам јасна изјава од новиот премиер дека името е Северна Македонија и ќе го користи во и вон земјата
-
Папата употребил навредлив термин за геј популацијата, Ватикан експресно се извини
-
Царинска управа на Србија: На преминот Прешево спречен шверц на черепи на девет дивокози и од волк
-
Средба на Мицкоски со Мануел Сарацин, потенцирана важноста за реформските процеси
-
Албанските медиуми: Африм Гаши нов претседател на Собранието на Северна Македонија, поддржан од победничката ВМРО-ДПМНЕ
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја прими гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска