Свет
18. February 2021 - 18:58

Четири месеци затвор поради кашлање пред полицајци во Данска

Данскиот Врховен суд осуди маж на четири месеци затвор поради кашлање пред двајца полицајци и извикување „корона“ за време на рутинска контрола во март минатата година.
 
Инцидентот, што се случи кога земјата беше целосно заклучена поради коронавирусот, доведе до тоа обвинетиот да биде уапсен под обвинение за заканувачко однесување, иако подоцна беше утврдено дека е негативен на Ковид -19.
 
Тој прво беше ослободен од обвинението во локалниот суд, а подоцна беше осуден во данскиот западен висок суд.
 
На жалба до Врховниот суд против пресудата, обвинителите побараа затворска казна од три до пет месеци.