Честитки до претседателот Иванов по повод Денот на независноста
По повод празникот 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, до претседателот Ѓорге Иванов беа упатени писма со честитки од голем број шефови на држави од светот, соопшти неговиот Кабинет.
- Претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, во името на американскиот народ упати честитка до претседателот Иванов и до македонскиот народ во која вели дека Македонија има со што да се гордее на 24-годишнината од нејзината независност. „Соединетите Држави и натаму ќе бидат Ваш непоколеблив партнер во Вашите напори за создавање на уште попросперитетна, демократска иднина, и очекуваме натамошно зајакнување на нашето пријателство со Македонија и нејзиниот народ во годините што доаѓаат“, пишува во честитката претседателот Обама.
Во пораката од Кралицата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Н.В. Елизабета ǁ се вели: „Ваша Екселенцијо, ми претставува посебна чест и задоволство да Ви го честитам државниот празник, Денот на независноста, со најискрени желби и честитки за среќа и просперитет на народот на Република Македонија“.
Претседателот на Сојузна Република Германија, Јоаким Гаук честитајќи го Денот на независноста, изразува уверување дека Германија и натаму како пријател и партнер ќе ја поддржува Република Македонија во своите напори. - Политичките лидери на Вашата земја докажаа дека може да се договорат за доброто на земјата и за нејзините граѓани. Оваа култура на компромис може да се надгради. На тој начин претстојните реформи за заедничката иднина во европското семејство може да се спроведат благовремено, транспарентно и одржливо, се вели во честитката.
Меѓу другото, германскиот претседател се осврнува и на бегалската криза. - Бројката на бегалци што расте, ја доведува Вашата земја, како и цела Европа, пред дополнителни предизвици. За да ја добијат потребната заштита, потребен е ангажман на секоја поединечна земја како и соработка меѓу сите засегнати држави, пишува претседателот Гаук.
Желби за среќа и просперитет на граѓаните на Република Македонија изрази во честитката до претседателот Иванов императорот на Јапонија, Н.В. Акихито.
Честитка до претседателот Иванов упати и претседателот на Република Турција, г. Реџеп Тајп Ердоган. - Сакам да потенцирам дека ќе продолжиме со поддршката околу интегрирањето на Република Македонија во НАТО и во ЕУ. Сплотувањето на Македонија во евроатлантските институции, како земја каде различните етнички и верски заедници живеат со меѓусебно почитување, цврсто сум убеден дека ќе придонесе за зачувување на мирот и благосостојбата не само во Вашата земја, туку и во земјите од Балканот, стои во писмото од претседателот Ердоган.
Честитка по повод Денот на независноста пристигна и од претседателот на Унгарија, Јанош Адер, во која се изразува силна поддршка за натамошно развивање на билатералните односи. - Во изминативе години Македонија направи големи чекори во процесот на евроинтеграцијата. Искрено посакувам Вашата држава успешно да ги надмине и преостанатите препреки. Може да сметате на безусловна поддршка на Унгарија во овој поглед, пишува претседателот Адер до македонскиот претседател.
Во писмото упатено од претседателот на Латвија, Раимондс Вејонис се вели дека нивната земја високо го цени политичкиот дијалог и конструктивната соработка со Република Македонија. - Верувам дека блиските односи на пријателство меѓу нашите земји ќе продолжат да се унапредуваат и во иднина, стои во честитката од латвискиот претседател.
Писмо со честитки по повод 8 Септември до претседателот Иванов упати и претседателот на Швајцарската Конфедерација, Симонета Сомаруга. - Нека пријателството и соработката кои постојат меѓу нашите две држави продолжат да се унапредуваат и во следните години, стои во честитката со желби за здравје и просперитет на граѓаните на Република Македонија.
Честитки по повод Денот на независноста со желби за добро здравје и просперитет на македонските граѓани упати и кралот на Шведска, Карл Густав.
По повод 8 Септември, писмо со честитка до претседателот Иванов упати и претседателот на Република Косово, Атифете Јахјага. - Република Косово и Република Македонија ги поврзуваат многу заеднички работи: почитта кон човековите права и владеењето на правото, како и заедничката посветеност на демократијата, развојот и просперитетот, пишува Јахјага.
Писма до претседателот Иванов пристигнаа и од претседателите на Алжир, Непал, Палестина, СР Виетнам, кралот на Малезија, со желби за среќа, благосостојба и просперитет на граѓаните на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Акциска контрола на СВР Скопје и Државниот инспекторат за транспорт, изречени 38 санкции
-
Биди храбар, успехот ќе се случи | Филип Поповски | Личен развој | Sitel Podcast 091
-
Определени мерки за претпазливост за шест од вкупно седум полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани
-
Избрана е новата Влада на Србија, Ѓуро Мацут - нов премиер
-
Обвинителство: Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“, издадени наредби за вештачење на над 70 мобилни телефони и 30-тина компјутери
-
Шестмина полициски службеници за кои се бараат мерки за претпазливост во врска со пожарот во Кочани изведени пред судија на претходна постапка
-
Четворица осомничени за тешки кражби од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје
-
Манифестација „Шарено велигденско јајце“ во штипскиот Центар за култура