-->
-->
Честитка од Заев до верниците кои денеска празнуваат Велигден
-->
Премиерот Зоран Заев во негово и во име на Владата на Република Македонија, на сите верници на Католичката црква и на сите верници од протестантските деноминации во нашата земја коишто денеска го празнуваат, им го честита големиот христијански празник – Велигден.
– Во период кога целиот свет се соочува со тешки искушенија, и годинава еден од најсветлите празници го славиме со ограничувањата кои ги донесе пандемијата од КОВИД-19.
На празникот посветен на спасението и на новиот живот, да се потсетиме на потребата да бидеме достојни верници и чесни луѓе, и низ нашата скромност да понесеме саможртва за доброто на сите, заштитувајќи се себеси и здравјето на ближните.
Токму светлината на овој празник во овие драматични мигови за човештвото, нè поттикнува да се преиспитаме, да создаваме добри дела и да покажеме разбирање еден со друг, да бидеме љубезни во кругот на нашите семејства, помеѓу соседите и пријателите и севкупно во нашата држава.
На крајот дозволете ми да Ви посакам празничните денови ги поминете во добро здравје и духовна сила!
Христос воскресна! Нека е честит големиот христијански празник – Велигден!, се неведува во Велигденската честитка на премиерот Зоран Заев објавена на неговиот фејсбук страница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Втор ден Самит „Македонија 2025“ со панели за справување со корупцијата, странски инвестиции, дигитализација
-
Во Србија уапсен човек поради закани кон претседателот на државата
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со повремен дожд и ретки грмежи
-
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
-
МВР: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ Затвор Скопје
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина