Честитка од Вељановски по повод Националниот ден на Власите
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељановски упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница во Република Македонија по повод Националниот ден на Власите - 23 Мај.
Co одбележување на овој празник, истакнува Вељановски, го афирмираме вековното постоење на влашката заедница која е тесно поврзана со целокупната историја на македонскиот народ и борбата за независна држава.
- Вашите традиционални обележја се дел од целокупното културно богатство на нашата држава. Тука мора да се истакне придонесот на припадници на влашката етничка заедница во Република Македонија, бидејќи нивните дела се опфатени во сите сфери на општествено делување. Наша цел е и понатаму да го унапредуваме заедничкиот соживот со сите етнички заедници и нивната верска определеност, бидејќи тоа ни дава сигурност кон просперитет на нашата татковина, наведува Вељановски во честитката.
Наша должност како граѓани на Република Македонија, се истакнува во честитката, е да работиме за градење на европска и демократска држава во која се промовира недискриминацијата и се овозможува еднаквост за сите граѓани.
Ново на Сител
-
Деветмесечно бебе донесено во неконтактибилна состојба, починало во болница во Охрид
-
ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав
-
Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер
-
Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори
-
Расчистено двојното убиство во Стајковци
-
Напаѓачот на Фицо призна вина
-
Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, посредувала за добивање социјални станови
-
Костадиновска-Стојчевска: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет