Македонија
25. December 2023 - 9:35

Честитка од Спасовски до граѓаните од католичка вероисповед по повод празникот Божик

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка до граѓаните од католичка вероисповед по повод големиот христијански празник – Божик, со желби за здравје, просперитет и благосостојба.

-Радувајќи се на Христовото раѓање како светла иднина за човештвото, да се ориентираме кон единството и солидарноста, во духот на христијанската порака за љубов меѓу ближните. Нека Божјата милост кон човекот ни го осветли патот кон позитивните вредности и нè обедини, да се разбираме и почитуваме меѓу себе, заедно да градиме мир во нашето општество, со свој придонес кон колективното добро да обезбедиме иднина  за сите, напиша Спасовски во честитката.