Честитка од СДСМ по повод 2 Август - Денот на Републиката
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски по повод големиот државен празник, 2 август – Денот на Републиката, во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија упати честитка до граѓаните на Македонија.
- Денеска, на овој голем ден оддаваме почит на нашите претци од Илинденското востание и од заседанието на АСНОМ, кои ги поведоа граѓаните кон слобода, независнот и единство и ги поставија темелите на современата, независна и суверена Република Македонија. Нивните идеали и жртви за слободна и независна Македонија остануваат како трајно наследство во историјата, паметник во сегашноста и патоказ во иднината, се наведува во честитката.
Воедно се додава, идеалите за слободна, демократска и заедничка Република Македонија продолжуваат и денес.
- Македонија ќе биде слободна, модерна, правна и заедничка држава, рамо до рамо со модерните демократски држави и полноправна членка на Европската Унија и НАТО. Социјалдемократскиот сојуз, заедно со вас граѓаните, го продолжува патот зацртан со Илинденското востание и заседанието на АСНОМ. Заедно со вас ќе обезбедиме слобода, правда и еднаквост во суверена, демократска, наша Македонија. Нека ни е честит и вековит 2-ри август, Денот на Републиката, стои во честитката
Ново на Сител
-
Пронајдена дрога и пиротехника кај велешанец
-
Малолетници обиле багер, се возеле и удриле во автомобил во Центар | ФОТО
-
Кремљ: Ако САД и дозволат на Украина да користи ракети тоа ќе ја зголеми нивната вмешаност во конфликтот
-
Загаденоста на воздухот во Њу Делхи 60 пати над максималниот праг, училиштата затворени, граѓаните се гушат
-
Борел: Се надевам дека членките на ЕУ ќе и дозволат на Украина да користи ракети со долг дострел
-
Релиќ освои бронзен медал на Г1 турнир во Загреб
-
Воз излетал од шините кај Зелениково
-
Лице пријавено како изгубено во Маврово пронајдено во добра состојба