-->
-->
Честитка од претседателот Иванов за Успение на Пресвета Богородица
-->
Претседателот Ѓорѓе Иванов на сите христијански верници и на поглаварот на Македонската православна црква г.г.Стефан , им го честита големиот празник , Успение на Пресвета Богородица.
- Дозволете ми, Вам лично, на сите верници од православна вероисповед, на членовите на Светиот архиjерејски синод и на целото свештенство и монаштво, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.
Овој празник е симбол на верата, спасението и мајчинската љубов. На овој голем христијански празник го славиме вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта. Нејзиниот животен пат, нејзината посветеност кон Бога и љубовта кон луѓето, ни говорат за нејзината големина и улога во христијанството. Празнувајќи ги животот, љубовта и посветеноста на Мајката Божја кон своето чедо се потсетуваме на основните христијански вредности кои биле наша водилка низ вековите.
На овој ден да се присетиме на милоста и мајчинската љубов на Мајката Божја и да се помолиме за меѓусебна љубов, почит и разбирање.
Нека е света, вечна и почитувана Мајка Богородица, се наведува во честитката на претседателот Иванов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Венко Филипче избран за нов претседател на СДСМ, реакции од другите двајца кандидати | ВИДЕО
-
Активни пожари во струмичко и прилепско
-
Од денеска струјата по нова, минимално зголемена цена
-
Српски полицајци во заеднички патроли со црногорски колеги на приморјето
-
Осумнаесет израелски војници ранети во напад на дрон извршен од Хезболах
-
Екстремната десница извоjува историска победа во првиот круг од парламентарните избори во Франција
-
Многу топло со температура до 39 степени, од утре дожд
-
По 30 минути се чека на „Табановце“ и „Богородица“